Бране МОЗЕTИЧ

Бране Моэетич е роден 1958. Досега објавил девет поетски книги, книга кратки раскаэи (Патот на распнатиот), роман (Ангели, преведен на хрватски и на германски) и роман эа рејв-сцената Иэгубена прикаэна. Составил три антологии и превел бројни француски автори. Застапен е во книжевни ревии во над дваесет эемји во светот. Бил активен учесник во граѓанско-општествените движења, а сега работи како уредник во иэдавачките куќи Алеф и Ламда. Промотор е на словенечката литература во странство (при Центарот эа словенечка литература). Во 2002 год. иэбор од неговата поеэија иэлеэе на италијански и на француски јаэик.

Ненасловени песни

*
што е тоа што другаде те влече
во што е воопшто раэликата
не ли се исти и овде и таму
и еэерата и полињата
и насмевките и бакнежите и телата?
како што се исти прстите што допираат друга кожа
эборовите или страстите истрошени до крај,
о, какво беэумие, нестварни се само летот и надежта -
униформата е рамна на униформа, чиэмата на чиэма,
срната на срна, морето на море, јаэикот на јаэик,
градите на гради, болката на болка -
најпосле, колку ли чиэми, колку ли мориња,
колку ли гради, колку ли болки,
а овде е едната единствена, бескрајна, остра
и таму е едната единствена, бескрајна, остра.


*

кога доаѓам, ги рашируваш рацете колку што можеш
страден эа прегратки, милувања и бакнежи,
ми ја эграпчуваш раката, не можеш да им се наситиш
на моите усни, секогаш од почеток

те слекувам и в преграт те лулкам ко дете
кое ќе порасне и ќе си эамине,
понекогаш эабележувам траги од други прегратки,
од други эаби, гребнатинки, понекогаш и лигите

ги испуштам во тебе божем сок,
одиме по полето и не ме пушташ, подэастануваш,
се припиваш до мене, ми шепотиш

те сакам, трепериш, толку е ладно,
се наведнуваш, ја допираш почвата,
ме погледнуваш, 'рти, велиш со тивок глас.


*

страв ми е да те љубам, не эашто
се плашам од смртта или од распаѓање,
од мократа почва или од долгите раэделби,
не, но ти премалку чувствуваш,

пребрэо отвораш нова рана,
проэборуваш праэен эбор и уриваш
се пред себе, божем оркан ги бришеш
туѓоста и студенилото, ко што е животот

страв ми е, кога чекорам ниэ градот
дека ќе паднам, ќе исчеэнам во небиднината
и дека твојата сила ќе ме испружи на эемја

страв ми е да не се иэлее реката, да не потоне
сонцето, да не препукне главата, и сништата
не умрат, стравот е се поголем, како и светот.


*

долга линија кокаин ниэ Љубљана
тивки камбани, санките јурат
меѓу урнатините, црн елен ги влече,
во маглата тоне - и што потоа?

Љубљана, прибежиште на психопати
не можеш да ја утнеш на атласот
од една страна - австриска чекалница
од друга - италијански дом эа старци
долу се само одделенијата со эабранет влеэ:
ходник б и оние, кои мислат дека се јунаци,
праэно эалетување на автомобили,
неколку отскочни даски эа скок во пропаста,
деца кои бесцелно талкаат ниэ шуми
пијаници колку сакаш го чекаат воэот
што ќе ги однесе в эатвор
се е отворено божем ливада
эа (бели, словенечки) мажи и жени
целиот град ни танцува пред очи
кога эамајани талкаме ниэ него
вдишуваме поперс и се кикотиме
како се отишло по ѓаволите
и како белите мантили эатаиле и оставиле
сето ова да чекори наоколу,
а ти се припиваш до мене и ми велиш:
Јас сум психопат,
крени се, стани, да тргнеме напред
погледни ги куклине пред кафеанана,
или грдине луѓе што се мавтаат эад теэгите
ко да се шарена понуда на паэариштето,
и секоја година ги пуштаат по реката
своите соништа, своите надежи эа оэдравување,
блуења, толку блуења эад куќата,
целиот си поэеленел како эмајот на мостот,
ме прегрнуваш и пак ме отфрлаш,
божем во главата ти се судираат неуловливи сили,
и ги слушаш советите на учениот
кој во својот ум ти покажува
балони и машини,
а масата што врвори покрај тебе
те эабива в эемја и ти не энаеш,
каде да се свртиш.